четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 156
Во живо

Натпартиски протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет

home Вести

Силјановска Давкова: На Македонија ѝ се потребни радикални демократски реформи, за да не остане закопана во транзицијата

Силјановска Давкова: На Македонија ѝ се потребни радикални демократски реформи, за да не остане закопана во транзицијата

Не сум јас хероината, вие сте хероите, вие сте Македонија, а јас само ќе се обидам да бидам вашиот глас, ум, став, порака. Постојано ќе докажувам дека сум со вас, дека не можам без вас, дека произлегувам од вас и дека сè ќе сторам за моите граѓани.

Ова на вечерашниот централен митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје го изјави претседателската кандидатка професорката Гордана Силјановска Давкова

-Македонија има прекрасно име, во женски род е, не ѝ треба придавка. А, пред вас стои жена. На Македонија ѝ треба жена, на татковината ѝ треба жена. Јасно е жошто! Зошто ние имаме потежок живот од мажите, треба да докажуваме дека сме добри професорки, покрај добри мајки, добри другарки, и тоа нè прави посилни и побогати. Е сега дојде време да ги покажеме способностите, не само човечките, туку и женските, рече Силјановска Давкова.

Професорката потенцираше дека „реформската влада“ има само 4 министерки од 26

-Замислете каков смисол за рамноправност, пардон нерамноправност! Победија и на локалните избори, ама само 6 градоначалнички се жени. Ако ги споредам овие бројки со нашето далечно минато, она насликано во химната на Македонија, не сме отишле многу далеку од АСНОМ. Затоа се потребни се радикални промени, дојде време за ние да покажеме дека ноторниот факт е дека работиме трипати повеќе од мажите и тоа нè направило трипати посилни. Сега таа сила ќе ѝ ја вратиме на државата, на Македонија. Зошто никогаш не ѝ била попотребна, рече Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова рече дека дојде мигот кога сите треба да се соочат со катастрофалното двеиполгодишно владеење.

-Се нарекоа реформска влада и народот очекуваше реформи, демократија, владеење на право, борба со корупцијата и криминалот, битка со непотизмот, очекуваше европеизација, ама таа не дојде. Единствената промена што ја направија е најболната – промената на името. Каква е сликата по придавката „реформска“ и „европска“ влада. Ниту е реформска, ниту европска. Македонија е потоната во отсуство на владеење на правото, правдата е селективна ја стига само опозицијата, а никако да допре некој од власта иако секој ден слушаме на тони скандали, криминали, фамилијарни вработувања, веќе и не знаеме што значи скандал во оваа скандалозна балканска земја, рече професорката.

Таа додаде дека во Македонија нема поделба на власта, а каде што нема поделба на власта нема демократија.

-Парламентот е во рацете на 81 пратеник, но тие не се пратеници. Тие само креваат раце, тие само ги потврдуваат веќе донесените одлуки во оваа зграда. А, во оваа зграда, власта не е распоредена на 26-мина. Некои не ни доаѓаат на работа и немаат проблем со тоа. Важно е да присуствуваат. Присуството им беше важно за да го сменат Уставот неуставно, за да организираат неуставен и незаконски  референдум, за да донесат неуставен и незаконси закон за амнестија, за да го сменат Кривичниот закони во потрага по гласови за промена на името. Сè им беше дозволено, во сè беа толерирани, зошто мислеа дека високата цел ЕУ и НАТО дозволува ниски средства. Ама народот тоа го виде, не го одобрува, затоа стојам овде, затоа се одлучив она што го предавам со децении, што го пишувам и презентирам, да се обидам да го спроведам, зошто на Македонија ѝ се потребни радикални демократски реформи, за да не остане закопана во транзицијата и да не направи ниту еден чекор кон демократската консолидација, рече Силјановска Давкова.

Коронавирус