петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 150
home Вести

Силјановска Давкова: На 21-ви април ќе дојде народната казна за заевизмот

Силјановска Давкова: На 21-ви април ќе дојде народната казна за заевизмот

Секој разумен човек, секој реален човек знае дека ако на претседателските избори победиме, тогаш час поскоро ќе се најдат на дневен ред и парламентарните избори, истакна кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова синоќа во Босилово.

-Нашиот народ знае како 2004-та година што запомни и рече „Ќе бидам тивок, ама на следните избори ќе дојде пресудата народна“. Тоа ќе го направи и вовој пат. Особено што сега во уште потежок проблем нè втурнаа. Проблем кој што не може одеднаш да се реши, прашањето за името, порача таа.

Силјановска Давкова порача дека тоа тивко мнозинство кое се покажа на референдумот, сега треба да стане гласното двотретинско мнозинство.

-Во него се сега, не само членовите на ВМРО-ДПМНЕ, не само симпатизерите на партијата, туку и разочараните од СДСМ и луѓето кои досега не оделе на избори и мислеле дека немаат потреба, а сега нивниот живот и нивната држава, нивното име Македонија е во прашање, рече Силјановска Давкова.

Таа порача дека на 21-ви април ќе дојде народната казна за Заевизмот.

Најнови вести

Коронавирус