вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска Давкова : Македонија е длабоко потоната во партитократија со оваа влада

Силјановска Давкова : Македонија е длабоко потоната во партитократија со оваа влада

При своето вкучување во емисијата на ТВ Алфа „Заспиј ако можеш“ професорката Гордана Силјановска Давкова кажа дека Македонија е длабоко потоната во партитократија со оваа влада.

Имено Силјановска – Давкова истакна дека потпретседател на партија во вонредна состојба не смее да излегува јавно и да кажува какви мерки треба да бидат преземени и што треба државата да прави.

Давкова додаде дека и да станува збор за државен функционер не смее да дава таков вид на изјави поради фактот дека за тоа има министри кои што се овластени.

– И да е државен функционер тој не не смее такви изјави бидејќи за тоа има министри кои што се овластени и тоа е доказ дека Македонија е длабоко потонаа во она што се нарекува во политичкиот систем партитократија потенцираше Силјановска Давкова.

На ваков начин Силјановска Давкова дополни дека не се знае каде завршува партијата, а каде почнува државата.

Локални избори 2021