среда, 17. јули 2019. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска Давкова: Луѓето си заминуваат од Македонија, а власта не прави ништо за да ги задржи, напротив, како да ги бркаат

Силјановска Давкова: Луѓето си заминуваат од Македонија, а власта не прави ништо за да ги задржи, напротив, како да ги бркаат

Коалицијата „За подобра Македонија“ гарантира подобра иднина за Република Македонија, порача кандидатот за претседател, Гордана Силјановска Давкова од вечерашниот митинг во Валандово.

-Кога реков дека сум загрижена, знам дека еден од најубавите краеви на Македонија луѓето си заминуваат, и тоа оние кои ни се напотребни, најумните, најспособните, најкомпетитивните. Оние кои може да се натпреваруваат во европските држави и подалеку. За жал, политиката на оваа власт не е политика што води сметка за тоа дека тие се потребни овде. Ништо не сторија за да ги задржат, напротив, како да ги бркаат. Тоа мора да се смени. Мојата претстава за Валандово е сликата од детството, од младоста. Крај на прекрасните мириси, на најубавото овошје, а калинката е најскапото и најценетото овошје во светот, само овде тоа не го знаеме. Кога си замислувам дека Македонија може да биде земја на здрава, органска храна, на туризам од секаков вид, се распослале по земјава езера, ама и прекрасни села и краеви како овој, си велам зошто, зарем не се свесни за оваа убавина?Зошто не сторија нешто за да може народот овде да ужива во убавината, но и во животот? Ветија живот, но ништо не донесоа од животот, порача Силјановска Давкова.

Професорката истакна дека ние сме една од најболните нации во Европа.

-Политички болни сме заради нивната власт, здравјето ни е нарушено. Затоа што тие не водат сметка ниту за здравствената заштита, а да не зборувам и за еколошката, посочи таа.