недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Силјановска Давкова: Ќе направам сериозни реформи кои ќе бидат во функција на владеење на правото

Силјановска Давкова: Ќе направам сериозни реформи кои ќе бидат во функција на владеење на правото

Кандидатот за претседател на Република Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова при гостување на емисијата „Детектор“ истакна дека ако таа стане претседател ќе направи се што е можно правото да завладее во државата.

-Она што сум успеала во личниот и професионалниот живот одамна да бидам во ЕУ, да го направам и со Република Македонија преку сериозни реформи кои што ќе бидат во функција на владеење на правото, истакна Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова ја искористи и приликата во емисијата да се обрати и до женската популација дека ова е шанса кога жените можат да кажат дека тие можат на поинаков начин да управуваат со државата.

-Исто така би се обратила и до неопределените, до разочараните од сегашната власт, мислам дека тоа е она што ќе ми биде главна цел во времето што претстои и дури до оние кои имаат намера да ги бојкотираат изборите, појасни Силјановска Давкова.

Најнови вести

Коронавирус