среда, 28. јули 2021. Вести денес: 178
home Вести

Силјановска Давкова: Излезете на избори за да ги испратиме во историјата како една од најнеодговорните влади

Силјановска Давкова: Излезете на избори за да ги испратиме во историјата како една од најнеодговорните влади

Силјановска Давкова вечерва од митингот во Ресен порача: Мислам дека сме на патот навистина да покажеме и да докажеме дека вред да се инвестира во знаење, дека вреди да се биде чесен, дека вреди да се биде патриот, дека вреди да се биде со својот народ, зошто без тоа навистина нема да има промени.

-Ова вреди, ме обврзува и мене. Доколку го добијам вашиот глас и доколку како претседател на сите граѓани без оглед на етничката, расна, верска или било каква припадност се обврзам на реформи дека ќе почнам една долга листа. До вас ќе се обраќам во парламентот, но не за да покажам колку сум силна или дека имам реторички вештини, туку затоа што вашите проблеми ќе ги нотирам таму, од оние на лицата со посебни потреби, до оние на младите преку оние на лекарите, на земјоделците, луѓето кои животот го вложиле во најубавите јаболка на светот а сега не можат да ги продадат, на оние кои што имаат социјални проблеми во животот,за да ги заинтересирам пратениците и за да ја сензибилизирам владата и да покажам дека не е таму за вежба демократија на нас и да се богати, туку за да ги решава вашите проблеми. Ви ветува дека она што го пишувам во трудовите и во книгите дека не може да има здрава, досадна држава во која што функционира се само од себе . зошто? Заради процедурата дека ќе го направам на мој специфичен начин. Во сите тела кои претседателот има право да предлага луѓе, во Уставниот суд, во Советот за безбедност, гувернерот, понатаму кога треба да разговара со неговиот партнер политички, министерот за одбрана или министерот за надворешни работи, иако не знам како човек може да разговара со нив, со се надевам дека еден друг суштински разговор веќе наесен  ќе се појави како природен, разговорот со новите министри од новата влада, истакна таа.

Кандидатот за претседател ги повика граѓаните да гласаат.

– Се разбира јас сакам да ве замолам, ако бојкотот на референдумот имаше логика, мислам дека бојкотот на претседателските избори нема логика. Само ако сте внатре можете да ги менувате нештата, само ако сте внатре можете да градите стратегија, само ако сте внатре може при секоја средба со било кој претставник на ЕУ, на НАТО, на амбасадите да им ја предочите македонската болка, да има кажете дека не може некое решение како ова за Северна Македонија туку така да помине, дека е тоа неприродно, дека не навредува дека не може да стане дел од нас, дека ни ги навредува умот и срцата дека понекогаш е од далеку од здравиот разум само така може да се реши. Ве молам да излезете на овие избори. Зошто? За да ги делигитимираме, за да ги испратиме во историјата како една од најнеодговорните влади, за да можеме да предизвикаме заради добриот тест демократски нови парламентарни избори на кои што ќе дојде веќе подготвената нова власт, истакна таа.

Коронавирус