петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 130
home Вести

Силјановска Давкова: Изборот на оваа генерација е на 15-ти јули, денот кога гласно и јасно треба да и се каже збогум на оваа власт

Силјановска Давкова: Изборот на оваа генерација е на 15-ти јули, денот кога гласно и јасно треба да и се каже збогум на оваа власт

Профеорката Гордана Силјановска Давкова, која на последните претседателски избори беше кандидат за Претседател на Република Македонија поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, на својата Фејсбук страница објави статус во која порача дека на 15-ти јули граѓаните гласно и јасно ќе и кажат збогум на оваа власт и ќе тргнат по долгиот и трнлив пат на правото, правдата и демократијата.

-Искрено, по бесконечната „конечност“ на многуте датуми на г-динот Заев, не ми се верува дека е постигнат договор за 15-ти јули, како датум за парламентарни избори, очигледно, со странско посредништво.

Во битката за политичко преживување, партијата на власт беше спремна на 5-ти или на 8-ми, да „ПОБЕДИ“ во изборна трка СО ЕДЕН КОЊ, небаре ПЕГАЗ и да одлета во (Не)среќната ЕДНОПАРТИСКА, ТАТ- овска 1994!
За жал, среде здравствената и авторитарна драма, не можам да кажам дека сум најсреќна со датумов, ама не знам што е поопасно по нашето здравје, по здравјето на нацијата и државата: Ковид 19 или „ заевистичката“ власт?

Нашата епопеја изобилува со “Слобода или смрт”.
Пред Хамлетовата дилема сме: “Да се биде или не, прашање е сега!?”

Изборот на оваа генерација е на 15ти јули, денот кога ГЛАСНО И ЈАСНО треба да и се каже „ЗБОГУМ“ на оваа власт и да се тргне по долгиот и трнлив пат на ПРАВОТО, ПРАВДАТА И ДЕМОКРАТИЈАТА“-напиша таа.

Најнови вести

Коронавирус