сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 78
home Вести

Силјановска Давкова: Гласовите на Река покажаа дека и албанските гласачи се незадоволни од власта

Силјановска Давкова: Гласовите на Река покажаа дека и албанските гласачи се незадоволни од власта

Професорката Гордана Силјановска Давкова во гостување во централниот дневник на ТВ Сител нагласи дека апстиненцијата е поголема во албанските средини бидејќи Албанците веќе не дозволуваат никој, па ниту премиерот Зоран Заев, да прави трговија со нивните гласови.

-Апстиненцијата може да се гледа од повеќе агли. Прво, факт е дека таа е далеку поголема во албанските средини отколку во македонските, а јасно ни е зошто. Зашто по појавата на еден граѓански ориентиран, едуциран кандидат каков што беше господинот Блерим Река, Албанците односно албанските гласови не се согласуваат веќе да служат нивните гласови за етнопартиска трговија туку се спротивставија на тоа, додаде Силјановска Давкова.

Коронавирус