понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 63
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Силјановска Давкова: Добро е да се вклучи приватното здравство во ситуацијава, но треба да имаме силно јавно здравство

Силјановска Давкова: Добро е да се вклучи приватното здравство во ситуацијава, но треба да имаме силно јавно здравство

Добро е да се вклучи приватното здравство во ситуацијава, но треба да имаме силно јавно здравство, тука треба да вложуваме Владата веќе посегна по некои чекори кои произлегуваат од вонредна состојба. Полно од мерките особено во образованиео се преземени, сега треба учење од дистанца. Рестрикции има по болниците, ресторани, кафулиња и овие мерки ќе се прошируваат во зависно од ситуацијата, рече професорката Гордана Силјановска Давкова говорејќи за тоа кои мерки кои произлегуваат од вонредната состоја или кои веќе се преземени од страна на Владата.

Таа за актуелната ситуација говореше на гостувањето на телевизија Алфа.

-Пријатно ме изненадува фактот што и во верските институции се создаде поинаков кодекс или и верниците ја разбраа ситуацијата. Светот е свесен за страотната меѓузавиност. Сите се веќе свесни дека никој не може да остане недопрен во ова глобално село. Во Европската унија, во шенген зоната каде немаше граници гледаме како има прагматичен пристап, себичен каде одеднаш воскреснаа границите, се изградија ѕидовите, солидарноста и хуманизмот се забораваат. И тогаш паталците, како Кинезите кои помагаат, посочи Силјановска.

Професорката укажа дека на пример приватната сопственост може да се оттуѓи, да се ограничи. Сега, рече таа, потребна е рационалзиација, потребно е да се превенираат некои ситуации, за да не дојдеме во дилема кого да жртвуваме, а кого да спасиме како во ситуација како Италија, најзасегнати се возрасните. Според неа во оваа ситуација важно е да има силно јавно здравство. Се вели дека најздрави нации се оние кои имаат силно јавно здравство, Германија, Јапонија, скандинавски земји.

-Дивата и неконтролирана приватизација на здравството кај нас доведе до здравство достапно за мал процент луѓе и до загрозено јавно здравство во кое има ентузијасти и херои. Добро е да се вклучи приватното здравство, но треба да имаме силно јавно здравство, тука треба да вложуваме. Ние сепак сме според Уставот социјална држава имаме традиција на држава на благосостојба и тоа создава духовен комфор кај луѓето а тој е врзан за доброто здарвство, рече Силјановска.

Парламентарни избори 2020