понеделник, 26. август 2019. Вести денес: 2
home Вести

Силјановска Давкова до Пендаровски: За вас е важно парламентарното мнозинство, ама за мене е важна правната држава

Силјановска Давкова до Пендаровски: За вас е важно парламентарното мнозинство, ама за мене е важна правната држава

Кандидатот за претседател на Република Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова во вечерашната дебата на МРТ  потсети  дека законот за јазиците е објавен без потпис на претседателот.

-Оние што не се објавени  јас ако станам претседател, прво ќе ги прочитам, се разбира меѓу нив има и такви кои се донесени со двотретинско мнозинство и вие не можете да не ставите потпис на нив бидејќи не важи ветото за нив, ќе ги прочитам, доколку има основ за вето ќе ставам вето, но само низ правна призма, истакна Силјановска Давкова.

Таа на кандидатот за претседател Пендарвски му посочи дека не прави разлика меѓу политика и наука.

-Ви покажав книга каде 40 страници е мој труд за Рамковниот Договор. Моите укажувања таму се на опасноста од бинационална држава, таму нема никаква албанофобија  или непочитувања на правата, додаде Силјановска.