понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 22
home Вести

Силјановска Давкова денес ја посети Спомен куќата на Мајка Тереза

Силјановска Давкова денес ја посети Спомен куќата на Мајка Тереза

Интегрален текст од соопштението на Гордана Силјановска Давкова

Кандидатот за претседател на Република Македонија г-ѓа. Гордана Силјановска Давкова денес ја посети Спомен куќата на Мајка Тереза.

Г-ѓа. Гордана Силјановска при посетата рече дека ова не и е прва посета на Спомен домот на Мајка Тереза. Тоа е место кое треба сите да нѐ потсети дека нашите сограѓанки и сограѓани, тука ги направиле првите чекори пред да тргнат да го „освојат“ светот со својата хуманост и посветеност на човештвото.

Мајка Тереза е симбол на нашиот град, но е и жена која иако ситна и навидум слаба покажала невидена сила и верба во она што ја водело во животот. Таа верувала во љубовта и правдата за секое човечко суштество, и давала љубов и олеснувала маки и на оние кои биле отфрлени, презрени и заборавени од другите. Нејзиното дело нѐ обврзува сите, а особено нас, нејзините сограѓани и сограѓанки, појасни г-ѓа. Силјановска Давкова.

Коронавирус