среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 169
home Вести

Силјановска: Дајте ми доверба за да ги отворам процесите

Силјановска: Дајте ми доверба за да ги отворам процесите

Универзитетската професорка Гордана Силјановска Давкова, како кандидат на опозицијата во претседателската трка, очекува да продолжи ниското ниво на напади кон нејзината личност, кое се случуваше во неформалниот дел од кампањата, што пак според нејзе само покажува дека македонската политичка култура тешко се менува.

Силјановска-Давкова во интервју за Прес24, сепак вели дека, што се однесува до официјалната капања во нејзиниот камп, успева да се избори за компромис помеѓу замислата и традицијата на најголемата партија која застана зад нејзината кандидатура и нејзината граѓанска визија.

-Јас сум скромна жена, досега никогаш не сум сакала голем публицитет. Не мислам дека кампањите треба да бидат нападни и скапи, особено во сиромашна земја. Еве, ќе ви кажам искрено дека со дел од мојот тим имам препирки околу гардеробата: додека некоја друга жена можеби пред почетокот на кампањата ќе појдеше до Париз или некој друг монденски град да купува нова и елегантна облека, јас не ни помислив на тоа. Не е популизам ако човек/жена остане тој/таа што е. Јас се одлучив за скромност и во овој дел. Не верувам во тоа дека 20-дневна кампања битно ќе го промени политичкиот светоглед на граѓаните, но сепак треба да се искористи за директни комуникации и разговор, вели Силјановска-Давкова во интервјуто за Прес24.

Таа верува дека ТВ дуелите што ќе ги има со колегите, противкандидати, ќе ѝ покажат на јавноста најдобро што имаат да понудат, колку се аргументирани и елоквентни, колку се убедливи во она што го ветуваат.

-Дајте ми доверба за да ги отворам процесите, кои ќе созреат и кулминираат за време на мојот мандат! Се разбира, првата работа ќе биде создавање на мал и високо компетентен претседателски кабинет, формиран на транспарентен начин, со инклузивност не само на најдобрите со различна етничка припадност, но и со опфаќање на претставници на другите маргинализирани групи. Втората работа што ја планирам е активно вклучување во започнатите процеси на зачленување во НАТО и увид во интеграцијата во ЕУ, каде ќе сакам да помогнам, меѓу другото, и со експерти – бидејќи менувањето на името не значи европеизација. Третата работа е формирање на две експертски групи составени од врвни домашни и странски експерти: едната за преиспитување на низата лоши уставни решенија кои создаваат застој и колизии во системот на поделба на власта, што веројатно ќе резултира со покренување на уставна реформа. Втората група ќе треба да ги оцени основите за правна ништовност на Преспанскиот договор, нешто што врвни професори по меѓународно право од САД, веќе го воочија, вели професорката Силјановска, одговорајќи на прашањето кои се првите работи кои ќе ги направи ако подеби да изборите.

Таа вели дека ниту со оваа влада, ниту пак со некоја идна има намера да прави компримиси во однос на уставните овластувања и националните интереси.

-Јас очекувам во дел од мојот петгодишен мандат да практикувам кохабитација со влада која е глува дури и пред гласот на народот (видовме што се случи после 30 септември) и слепа пред словото на уставот (гледаме веќе две години), и затоа ќе морам да бидам многу гласна, проактивна и да ги користам сите средства за предупредување, алармирање на јавноста, па и на надлежните институции, вели Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател во интервју за Прес24.

Целото интервју можете да го прочитате на Прес24.

Коронавирус