среда, 4. август 2021. Вести денес: 162
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Вести

Силјановска: Да се излезе на изборите- по претседателските ќе се отвори пат за нови парламентарни избори

Силјановска: Да се излезе на изборите- по претседателските ќе се отвори пат за нови парламентарни избори

На овие избори најважно е да се излезе и да не се остави проблемот со изборниот цензус од 40 проценти. Зошто се плашам дека ако не го достигнеме цензусот дека тогаш можеби претседателот ќе се бира во Собранието.

Ова го порача кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова вечерва на предизборен митинг во Кичево.

-Јас сум голем критичар на избор на претседател во Македонија од Собранието зашто тогаш не само што сите вие како гласачи нема да имате никакво влијание врз изборот, туку двајцата лидери на партиите, како што досега правеа, ќе го изберат. Осумдесет и еден пратеник само ќе потврдат и ќе кренат рака. Тој или таа нема да биде по наша мерка, туку ќе биде по нивна мерка. Јас повеќе верувам во мудроста на народот дека тој умее да препознае не само партија, не само лидери, туку и личност која ќе произлегува од него и ќе работи за него и ќе биде со него, потенцира Силјановска Давкова.

Потенцира дека на претседателските избори по зборовите на премиерот ќе отвори пат за нови парламентарни избори, а, како што рече, се знае кој ќе победи на тие избори и во услови на нова парламентарна коалиција ќе почне реформски процес.

Истакнувајќи дека секоја реформа почнува од нас, рече дека таа ќе се откаже од претседателските привилегии. Во надворешната политика, посочи, нема да се опкружува со амбасадори, конзули, воени аташеа, кои се познати по тоа што се партиски или политички личности, туку со извонредни и квалификувани дипломати.

Коронавирус