четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 6
home Вести

Силјановска: Да им покажеме дека сакаме држава без корупција, администрација без партизација, судство и безбедносни служби без притисоци

Силјановска: Да им покажеме дека сакаме држава без корупција, администрација без партизација, судство и безбедносни служби без притисоци

Да им покажеме дека сакаме држава без корупција, администрација без партизација, судство и безбедносни служби без притисоци. Инсистирам на слобода и ја бранам слободата на другите, напиша Гордана Силјановска Давкова на својот Фејсбук профил.

„НАПИШЕТЕ МИ ВО КОМЕНТАРИ, КОЕ ПРАВО ВАС НАЈМНОГУ ВЕ ЗАСЕГА?

Да им покажеме дека сакаме држава без корупција, администрација без партизација, судство и безбедносни служби без притисоци. Инсистирам на слобода и ја бранам слободата на другите!

Секој има право на лична среќа. Државата мора да биде гарант на нашите права и да гарантира еднаквост во можностите за човечки развој и напредок, како и достоинствен живот за нашите семејства!

А, јас сум бунтовник, се повикувам и борам за правда, секаде и секогаш! Се залагам за ист третман пред законите, за рамноправност на сите граѓани и верувам во неизбежноста на победата на правдата!

Право на правда имаме сите, право и правда за Македонија!“, напиша професорката Силјановска Давкова.