сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 26
home Вести

Силјановска: Ако за надвор може да се најде компромис, тогаш е крајно проблематично за дома да си го смениш името

Силјановска: Ако за надвор може да се најде компромис, тогаш е крајно проблематично за дома да си го смениш името

Некој кој предава и европско уставно право, некој кој е одамна е во ЕУ, а јас сум бидејќи сум во многу европски институции уште од деведесеттите, а тие пак се дел од ЕУ. Така да некој да вели дека сум против ЕУ и НАТО е фрлање на песок во очи, рече Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател поддржан од ВМРО-ДПМНЕ која гостуваше на телевизија Алфа.

Според неа, никој нема да има респект кон вас ако само го фалите, таа посочува дека треба да имате и критички однос кон истите за да ве почитуваат.

Говорејќи за актуелната тема во предизборието, Преспанскиот договор, таа посочи дека собрала книги и материјали, побарала мислење од врни експерти по уставно право и по меѓународно јавно право и направила студија за Договорот.

-Мислев, ако можат Грците да ги соберат врвните експерти, пеесеттина-шеесет, зошто да не можеме и ние, така се собравме и ние. Тоа што го анализарав и го напишав. Дека Договорот е асиметричен отворено кажувам. Кажувам и за проблемите. Како на пример, крајно е проблематично дека многу права, како право на самоопределување, немешање во внатрешни работи, потоа до почитување на културни и едентитестки права.., се прекшени. Така во духот на компромисот јас кога велам дека меѓународниот пореседок е заснован на анархична основа, јасно ми е и дека одиме кон ЕУ, а таму има суд, има задолжително меѓународно право и тоа не можам да го негирам, посочува Силјановска.

Според неа, „ако за надвор може да се најде компромис, тогаш е крајно проблематично за дома да си смениш името и тоа го кажувам јасно и гласно“.

-Ние имаме обврска да укажуваме на тоа односите на меѓународната сцена се менуваат, се јавуваат проблеми седнуваат лица и усогласуваат историја и тоа под капата на МНР, тоа е проблематично. Сте чуле ли за вакво нешто во друга држава. За ова може да се дебатира на универзитети, а не под капата на политиката, вели Силјановска.

Коронавирус