среда, 5. август 2020. Вести денес: 19
home Вести

Силјаноска: Ние се грижиме за младината, а не ги забораваме возрасните

Силјаноска: Ние се грижиме за младината, а не ги забораваме возрасните

Професор Гордана Силјаноска Давкова, носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 1 на коалицијата Обнова за Македонија вечерва од скопска Кисела Вода рече дека власта мора да произлегува од народот и секогаш да биде со него.

-Сега за Македонија се обединија сите Македонци ширум светот. Можам да дадам дијагноза за демократијата во земјава, а тоа е најстрашна е власта во заминување неспособност. Треба да се гласа на 15 јули за да има здрава власт. На 15 јули сите ќе зачекориме кон обновата, и се додека зборуваме за обнова бидете сигурни има шанси за оваа држава. Мора да ја обновиме почитта кон вас, кон македонскиот народ кој го понижија. Тоа не смееме да го толерираме власта произлегува од народот и му должи на народот. Треба да има живот кој е достоинствен, живот кој ги штити најслабите, кој се грижи за младината, не ги заборава возрасните или власт од сите и за сите, рече Силјаноска.

Според неа многу од областите во Македонија се на колена и во лоша состојба.

-Економијата е на колена, меѓутоа ние велиме дека ќе ја исправиме. Најдобрите економисти кога ги споредуваат програмите велат програмата на ВМРО-ДПМНЕ е реална, рационална и остварлива. Власта треба да ги помага најсиромашните, најпогодените, тие си ги помагаа сопствените фирми, а замислете социјалдемократи се, таква социјалдемократија нема, кажа Силјаноска.

Професорката укажа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја покрие и социјалната димензија, како и за сите области има соодветни политики.

-Мора да сториме се за да останат младите тука, државата ќе се грижи за најдобрите, ако се грижиме за најдобрите нема да си заминуваат. Мора да ставиме крај на кршењето на владеењето на правото затоа што нема правна држава ако сите не се еднакви пред законот, порача на крајот на обраќањето професорката Силјаноска.

Коронавирус