сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 73
home Вести

Сијарто: Хан да се грижи за проширувањето, а не за законските процеси во земјите членки

Сијарто: Хан да се грижи за проширувањето, а не за законските процеси во земјите членки

Реагирајќи на изјавата на комесарот за проширување, Јоханес Хан дека Унгарија најверојатно нема да го екстрадира Груевски, унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто кусо изјави дека “комесарот за проширување треба да се грижи за проширувањето, а не за законските процеси во земјите членки“.

Прашањето му беше поставено од страна на унгарска новинарка на редовниот брифинг по Советот на министри за надворешни работи на ЕУ денеска. Сијарто инаку не ја спомена Македонија, ниту случајот со Груевски.

Утре се одржува Совет за општи работи на ЕУ, кој делумно ќе биде посветен на владеењето на правото во Унгарија. Едно од прашањето кои ќе бидат покренати е затворањето на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта, но неизвесно е дали ќе се отвори и прашањето за Груевски, со оглед на тоа дека ЕУ го смета за суверено прашање.

МИА

Коронавирус