недела, 26. мај 2019. Вести денес: 66
home Вести

Си заминуваат десеттина вработени од Клиниката за уво, нос и грло

Си заминуваат десеттина вработени од Клиниката за уво, нос и грло

Додека здравствените институции имаат недостаток на кадар, се повеќе и сестри и лекари ја напуштаа државата, а на Клиниката за уво, нос и грло вработените приморани ги прекинуваат договорите, дури и оние кои се пред пензија поради притисоците со кои се соочуваат.

-Може да се каже дека десеттина од вработените си заминуваат само иницијативно. Директорот наместо да направи програма со која ќе се скрати времето за чекање на пациентите било за преглед, било за операција, тој се занимава со вработените, или едноставно кажано им врши притисоци, ги малтретира, вели нашиот извор.

Според наши информации, три медицински сестри, двајца болничари кои имаат договор на дело со важност до крај на годината си заминуваат од први мај. Отказ од работнопто место си дала и медицинса сестра со 40 годишно работно искуство.

-Си заминува на први мај, самата си даде отказ, а станува збор за вработена на Клиниката со работно искуство од 40 години. И замислете по притисоците одлучи да замине од работа, да  даде отказ на само две години пред пензија, вели нашиот извор.

Но, ова не е се. Апаратот кој беше донесен на Клиниката во декември минатата година, а кој служи за операција на синуси, по која пациентот за 24 часа може да си замине дома, уште не е пуштен во употреба.

-Кон крајот на минатата година го донесоа апаратот, но оставен е на страна и не е функција со образложение дека нема дел. Зошто тогаш воопшто беше промовиран на тој начин, прашува зачудено нашиот извор кој вели дека пациентите за операција чекаат и по три до четири месеци.