вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Шврговски: Актот на помилување даден од претседателот Иванов е се уште во правна сила

Шврговски: Актот на помилување даден од претседателот Иванов е се уште во правна сила

Во изјава за телевизија Сител, поранешниот јавен обвнинител на Република Македонија, а сегашен адвокат на дел од обвинетите во процесите на СЈО, Љупчо Шврговски вели дека актот за помилување од страна на претседателот Ѓорге Иванов е се уште во правна сила и тоа треба да опстои.

– Целосно сум убеден дека актот за помилување како акт даден во однос на поименично определени лица се уште е во правна сила и треба да опстои. Без оглед на тоа дали лицето сака да ја повлече или одбие или не, лицето нема диспозиција да ја одбие. Тој може да каже сакам да ја повлечам дадената милост но тоа негово дискреционо право нема никаква важност во дадената аболиција односно помилување или амнестија, рече Шврговски.

Во однос на судските процеси Шврговски вели дека ќе поднесат барање до судовите за прекинување на постапката. Доколку се донесат одлуки кои се правосудни тогаш ќе се поднесат жалби до Европскиот суд за човекови права каде ќе се инсистира е сите пресуди кои се донесени спротивно на законот да бидат укинати.

Коронавирус