сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 96
home Вести

Шукаров: Со објавување на БДП за третиот квартал можеме слободно да прогласиме и рецесија

Шукаров: Со објавување на БДП за третиот квартал можеме слободно да прогласиме и рецесија

„Во Македонија ние имаме многу низок административен пред се капацитет за реализирање на капиталните инвестиции. Прво самото планирање и нивна реализација одат многу тешко. Дури и финансирањето да е обезбедено, реализацијата на капиталните инвестиции поготов поместени во некој временски план многу тешко се реализираат во Македонија. Не верувам дека таа болка ќе се излечи за овој нареден многу кус период“, истакна универзитетскиот професор Мирољуб Шукаров при линковското јавѕвање во емисијата на телевизија Телма.

Шукаров додаде дека тешко ќе очекуваме будење на капиталните инвестиции како на инфраструктурен план, во работи кои ги финансира државата.

„БДП за третиот ќе го причекаме месец – два и дури тогаш ќе прогласиме рецесија, се уште не можеме, меѓутоа таа е на прагот. Таа рецесија не можеме да ја избегнеме. Ако се погледне од вториот квартал кои сектори настрадаа досега каде што има сериозен пад на економијата, тоа се оние сектори кои се поврзани со физичко присуство, индустријата“, појасни Шукаров.

Најнови вести

Локални избори 2021