вторник, 9. март 2021. Вести денес: 4
home Вести

Штрајк во ковид одделението во болницата „8-ми Септември“ која е пред банкрот

Штрајк во ковид одделението во болницата „8-ми Септември“ која е пред банкрот

Денес се случило штрајк во болницата 8-ми Септември, како резултат на незадоволство од условите во кои болничкиот персонал е принуден да ја врши работата и непродолжувањето на договорите за договорците на работа.

Во поранешната Воена Болница штрајк имало и пред канцеларијата на директорот, кој како што дознаваме, му се забележува тоа што не обезбедува никакви услови за работа, а вработените се принудени од дома да носат дезифициенти, завои, ракавици и други средства за лична заштита.

Директорот прстот го вперил кон министерството за здравство, а самиот признал дека болницата е на работ на финансиската издржливост.

Платите каснале на договорците, а болницата е пред своевиден банкрот.

Ковид центарот се борел со последни сили да обезбеди материјали за заштита и нормална работа. Министерот Филипче засега без слух за проблемите.

Од вработените се дадени 24 часа за одговор на управата, во спротивно се најавува помасовен штрајк.

Најнови вести

Коронавирус