недела, 28. февруари 2021. Вести денес: 31
home Вести

Што значи британски сој на коронавирусот и колку е различен од досегашниот?

Што значи британски сој на коронавирусот и колку е различен од досегашниот?

Денеска министерството за здравство објави дека британскиот сој на коронавирусот е детектиран во примерок во приватната лабораторија „Жан Митрев“ кај 46-годишен маж, кој веќе се води како оздравен.

Многумина земји се затворија и прогласија карантини поради новиот сој, а досега е пронајден во околу 60 земји во Светот.

Што значи новиот сој на коронавирусот, и колку е различен од обичниот Ковид-19?

Британските научници укажуваат на тоа дека е клучно порано да се препознаат симптомите на инфекции на новиот сој, кој со голема брзина се шири во Велика Британија.

Симптомите се слични како и кај првата варијанта: висока температура, непрекинато кашлање, губење на мирис и вкус, црвенило и израстоци на јазикот, пренесува британски „Експрес“.

Симптомите кај заразените со новиот сој може да варираат од многу тешки до речиси до никакви.

Експертите укажуваат дека пациентите, откако вирусот ќе го напушти нивното тело, може и натаму да чувствуваата тешко дишење и болки во мускулите и зглобовите.

Во извештајот кој неодамна е објавен во Обидинетото Кралство, се наведува дека постојат „реални можности“ кај заразените со новиот сој да има поголема стапка на смртност, пренесува Си-Ен-Ен. Ова го потврди и премиерот Борис Џонсон.

Студиите покажуваат дека варијантата е позаразна од претходниците, но доказите не укажувале на тоа дека сојот бил смртоносен.

Покрај британска мутација, коронавирусот има и мутација од Јужна Африка, како и нов сој од Бразил, но овие мутации се деектирани во помал број на земји.

Коронавирус