понеделник, 13. јули 2020. Вести денес: 50
home Вести

Што велеше Касами за Заев: Измамник кој не си стои на зборот (ВИДЕО)

Што велеше Касами за Заев: Измамник кој не си стои на зборот (ВИДЕО)

СДСМ и БЕСА попладнево ја официјализираа коалиција за изборите на 12 април. Ова е прва предизборна коалиција меѓу партии од македонскиот и албанскиот блок. Коалицијата ја потпишаа лидерите Зоран Заев и Билал Касами.

До пред неколку месеци Касами имаше сосема поинакво мислење за Заев.

Лидерот на Движењето БЕСА, Касами, на 11 декември минатата година во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21 рече дека неговата партија доколку има можност ќе учествува во формирањето на новата Влада по изборите.

За тогаш актуелниот премиер, а сега лидер на СДСМ Зоран Заев, Касами рече дека е измамник кој не си стои на зборот.