среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 196
home Вести

Што сакаше да протне СДСМ, и каде е новата болница во Штип?

Што сакаше да протне СДСМ, и каде е новата болница во Штип?

Во измените на Законот за постапување при заразни болести СДСМ се обиоде да протне и закон со кој темелно се погазува Уставот и правото на самостојност во домот на граѓаните, и да и се дадат на полицијата овластувања кои никако не и припаѓаат туку само Суд може да реши дали вашиот дом и правото за владеење во него е ваш, или и друг има право да влезе во него.

Владата бараше право за полицијата да влезе во секој дом и контролира кој има во него, во домот да легитимираат и приведуваат лица доколку во него не се само членови на фамилиите., домаќините. Сето ова без налог, решение и одобрување од суд, како што е сега. Полицаецот сам да реши каде ќе упадне, а каде не и што ќе прави внатре. Денес за зараза, утре за што било. Благодариение на силниот отпор на опозицијата оваа намера за политизација на приваните домови – не помина. Домот и понатаму останува неприкосновен за домаќините, а само судот може да реши поинаку.

Неспорно е дека во Македонија се случува епидемија на корона вирус со која се мачат сите држави во светот. Во таа сложена и за секој граѓанин заканувачка состојба здравствените работници даваат се од себе последиците, особено со смртност на заразените, да бидат што е можно помали. Но, за да имаат успех соодветен на трудот потребно им е да имаат и услови за успех кои – ги немаат.

Деновиве експерти од здравството вклучително и на директорот на Инфективна Др. Беќаровски изнесени се многу грешки во системот на превентива и лекување на заболените кои доцна се тестираат, уште повеќе доцна се примаат на лекување и тоа влијае на смртноста од корона вирусот.

Јавноста и опозицијата го прозиваат мнинистерот за здравство Венко Филипче како одговорен за ваквата состојба и последици со екстермно висока стапка на смртност, особено во регионот, а министерот Филипче, наместо одговор и брза алокација на ресурсите и реформа на системот спинува дека ВМРО ДПМНЕ требале да вложуваат пари во болници а не во споменици. Во таа влада на ВМРО ДПМНЕ Венко Филипче беше советник и прв соработник на тогашниот министер за здравство Никола Тодоров. ВМРО ДПМНЕ не е на власт повеќе од три години, а епидемијата е тука од март 2020-та.

Според јавно познатите податоци, во времето на власт со ВМРО ДПМНЕ во здравството се инвестирани нешто повеќе од 200 милиони евра, дополнително праќани се на обукја и дошколување во светските здртавствени центри десетици наши медицински експерти кои сега тие знаења ги примнеуваат. Извршени се реконструкции, инсталција на нова базична медицинска опрема во болниците во Охрид и пет други градови низ Македонија, повеќе болници во Скопје, темелно во детската болница во Козле Скопје, Гинекологија Чаир, Градската болница 8 септември…

Најпосле, проектот на нова клиничка болница во Штип е на ВМРО ДПМНЕ и требаше да биде готова до 2018-та година и сега да биде во функција за Штип и цела источна Македонија но, таа, до ден денес не е готова иако Филипче два пати најавуваше дека ќе биде завршена, последно дека ќе биде на располагање на граѓаните до 2020-та година. Во време на епидемијава не е време и за детално отварање на тој коруптивен скандал со неуспешната изградба на болницата во Штип, но по спинот на Фиулипче, време е да се потстетиме дека токму по одлуки на министерот Филипче ние немаме нова клиника во Штип, а со тоа и значително помалку медицински услови и за време на епидемијава.

Најнови вести

Коронавирус