среда, 2. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Што кријат градоначалниците на СДСМ?

Што кријат градоначалниците на СДСМ?

ШТО КРИЈАТ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОД СДС?

Флоскулите за отвореност на општините, од ден на ден се‘ повеќе се разобличуваат. Едно тврдат градоначалниците, но истражувањата на релевантни институции го докажуваат спротивното. Наместо да го унапредат контактот со граѓаните, да ги стават на увид сите документи кои ќе ја отсликаат финансиската активност на локалните самоуправи, истите ја намалуваат видливоста и граѓаните ги оставаат без потребната информација.
Но, трагедијата да биде уште поголема, општините во Македонија се најнетранспарентни во однос на сите останати во регионот.
Или, поточно, општините во нашата држава исполнуваат само 25% од индикаторите за отвореност, анализирани по областите транспарентност, пристапност, интегритет и ефикасност.
Во компарација со општините од регионот, овие оценки се многу под останатите локалните самоуправи во соседните држави и алармира дека граѓаните не се во тек со целокупната слика. Од друга страна пак, споредено со 2016 година, кога согласно индексот на активна транспарентност, општините стигнувале и до 88,1% на исполнување на критериумите за отвореност, во 2019, највисоко рангираната општина Струмица достигнува само 52% на исполнување на индикаторите на отвореност.
Овие податоци отвораат многу прашања, на кои одговор треба да дадат градоначалниците.

⚠️ Што се крие позади затвореноста на општините?

⚠️ Дали градоначалниците ги кријат сомнителните тендерски процедури?

⚠️ Како се трошат народните пари?

Отворени прашања за кои гарнитурата од СДС ќе одговара на првите избори и тоа пред најстрашниот суд за нив – судот на граѓаните!

 

Коронавирус