понеделник, 26. септември 2022. Вести денес: 42
home Вести

Што ќе се случи доколку Иванов не го потпише Законот за двојазичност?

Што ќе се случи доколку Иванов не го потпише Законот за двојазичност?

Со оглед на тоа што за претседателот Ѓорге Иванов законот за јазиците е противуставен сосема е сигурно дека тој ќе стави вето.

Ако Претседателот на Републиката не го потпише указот за прогласување на законот во тој случај, Собранието повторно го разгледува законот и доколку го усвои со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, претседателот на Републиката е должен да го потпише указот.

Претседателот на Републиката е должен да го потпише указот и доколку законот се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Како што информираат од кабинетот на претседателот, Ѓорге Иванов ќе ја соопшти одлуката во законски предвидениот рок по пристигнувањето на законот во кабинетот на претседателот на Република Македонија.

Како што кажа Иванов во новогодишното обраќање, со овој закон, заради краткорочни политички поени се доведуваат во прашање трајните интереси на Република Македонија и македонскиот народ.

-Прво, барањето за двојазичност е апсолвирано со амандманот 5 од Уставот на Република Македонија, кој произлезе од Рамковниот договор, каде се регулира прашањето за службениот јазик во Република Македонија. Колку што е опасно неспроведувањето на Рамковниот договор, толку е опасно и излегувањето од рамката што тој ја предвидува. Ќе потсетам дека Република Македонија е унитарна држава на сите нејзини рамноправни граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци, христијани, муслимани, Евреи и атеисти. Тоа е она по што сме различни од другите, изјави Иванов во новогодишниот говор во Собранието.

Коронавирус