понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 134
home Вести

Што договорија на средба Филипче и поглаварите на МПЦ-ОА и на ИВЗ?

Што договорија на средба Филипче и поглаварите на МПЦ-ОА и на ИВЗ?

Министерот за здравство Венко Филипче и поглаварите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и поглаварот на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи, денеска разговарале за актуелната состојба со Ковид-19 во земјава и за можните ризици од групирање за време на претстојните верски празници.

Филипче на Фејсбук објави дека на средбата се согласите оти сите чинители треба активно да придонесат во битката со пандемијата и се договориле да ја интензивираат комуникацијата во следниот период.

-На средбата разговаравме за актуелната состојба со коронавирусот при што им укажав на ризиците кои ги носи групирањето на верниците во затворени простории за време на претстојните верски празници. Се согласивме дека сите чинители треба активно да придонесат во битката со пандемијата и договоривме интензивна комуникација во следниот период, наведува Филипче.

Коронавирус