недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

Штипското обвинителство отвори предмет за бегството на Игор Спасов

Штипското обвинителство отвори предмет за бегството на Игор Спасов

Штипското обвинителство минатиот понеделник по допрен глас отворило предистражна постапка за бегството на Игор Спасов.

Обвинителството ќе проверува дали има кривична одговорност кај инволвираните судии, обвинители и лекари, а ќе се истражува и на кој начин Спасов избегал и дали некој му помогнал во целата акција.

„Основното јавно обвителство Штип по допрен глас испитува постоње на евентуална кривична одговорност во врска со донесеното решение за прекин на издржувањето на затворската казна за осудениот Игор Спасов. Дадена е насока за проверка на лекарската документација и постапката во која е донесено решението“, велат од Обвинителството.

Паралалено, предметот ќе го проверува и Судскиот совет, кој во четвртокот го побарал на увид од Штипскиот суд за да утврдат дали постои евентуална одговорност кај судиите..

“По увидот во предметот и утврдување на фактите ќе видиме кој е одговорен, дали судијата што го пуштил и дали постои некој кој го повредил законот. “ -вели претседателот на Судскиот Совет Киро Здравев.

Според информациите во јавноста последниот отпуст на Спасов бил одобрен од страна на судијката Невена Перица, која била дежурна во моментот кога пристигнало барањето. Прекинот на казната Спасов го побарал со образложение дека имал закажано операција на препонска кила, која никогаш не се ни случила, кај доктор кој му е роднина.Министерот за здравство Венко Филипче минатата недела изрази подготвеност да помогне во истрагата за овој случај, но денеска за Канал 5 вели дека досега никој не побарал такво нешто.

Информациите за преземените мерки од обвинителството и судскиот совет, доаѓаат ден откако министерот за внатрешни Олвиер Спасовски вчера јавно изрази сомнеж дека во случајот има корупција..

-Прашањето е клучно и за тоа мора да се сноси одговорност, мора да одговори и обвинителот и судијата врз основа на кои проценки е дозволено да му се направи прекин со судска одлука на издржувањето на казна затвор. Ние дознаваме во моментот кога тие бараат да го пронајдеме.Тоа покажува колку овој систем е нефункционален, па би рекол можеби и корумпиран. -рече министерот Спасовски.

Кога и како избега Спасов не е познато, но за бесгтвото се дозна пред две недели кога треба да се врати на доиздржување на казната за убиството на Мартин Нешковски. Сега по него се трага со меѓуанродна потерница, а според некои шпекулации се наоѓа или во Турција или во Холандија, а пребегал со лажен бугарски пасош.

Коронавирус