понеделник, 17. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Штипскиот затвор го води како бегалец Фејзи Азири- обвинет во „Монструм“

Штипскиот затвор го води како бегалец Фејзи Азири- обвинет во „Монструм“

Обвинетиот во случајот „Монструм“, Фејзи Азири, затворот во Штип, го води како бегалец, вели за Алфа ТВ директорот на установата Мики Тодоров.

Азири пак во моментов е на Клиниката за Пулмоалергологија, го хоспитализирале вчера околу пладне,  потврдиле од болницата за Алфа.

Каде е Фејзи Азири, еден обвинетите за петкратното убиство во Смиљковци?

На Азири, откако му беше укината мерката притвор, на судење единствено тој од групата обвинети за „Монструм“, требаше да доаѓа во придружба на судска полиција, бидејќи има правосилна пресуда на затворска казна за друго дело, со нелегално оружје. Затвор требаше да лежи во Штип, но, директорот вели дека Азири, го водат како бегалец.

„Со одлука на министерот за правда, затворската казна на Фејзи Азири му беше во прекин од 30 јануари до 28 февруари 2018. По истекот на прекинот тој не се врати назад во затворот, ниту го оправда своето отсуство со каков било писмен документ. Ние согласно Законот го известивме судијата за извршување санкции, Управата и Судот, кои според закон треба веднаш да распишат потреница за истиот. Ние во затворот во Штип, Фејзи Азири го водиме како лице во бегство“, изјави Тодоров, директор на затворот во Штип за Алфа ТВ.

И додека штипскиот затвор Азири го води за бегалец, за тоа никој не го информирал судијата Огнен Ставрев, од Скопска единица, што го води случајот Монструм. Судијата побарал Азири да го спроведат од затворот во Штип, но од таму не добил никаков одговор.

За клопчето да се замота повеќе, денешното рочиште се одложи токму поради не присуството на Фејзи Азири, ама не од фактот што затворот во Штип нема кого да спроведе, туку поради лекување на обвинетиот.

Адвокатот на Фејзи, Насер Рауфи денеска на судијата кој го води случајот „Монструм“ му даде медицинска белешка, која вчера ја добил во 15 часот. На неа пишувало дека Фејзи Азири е во болница, па судењето беше одложено за средината на мај.

Алфа ја контактираше Клиниката за Пулмоалергологија, не беа запознаени дека кај нив е хоспитализирано лице кое затворот го води како бегалец. Во телефонски разговор ни рекоа дека Фејзи Азири на Клиниката бил примен вчера околу пладне, не знаат до кога ќе биде во болница. Имал проблеми со дишењето.

Но зошто, откако Фејзи Азири, затворот го води за бегалец до сега по него нема распишано потерница.

Преседанот да биде поголем, ако Азири барал повторно одложување на затворската казна, второто одлагање требало да го донесе судот, истиот во кој на Фејзи Азири му се суди за петкратното убиство на момчињата и рибарот од пред 6 години. Па оттука, судечкиот судија, кој е од истиот Суд требало да знае за таквата одлука.

Овој предмет сега е во рацете на СЈО, а денеска обвинителката Фатиме Фетаи се побуни дека медицинска белешка не може да биде доказ дека Азири е во болница, но Фетаи не побара притвор за Фејзи Азири. За преседанот да биде поголем, СЈО немаше информации дека штипскиот затвор обвинетиот го води како бегалец.

Најнови вести

Коронавирус