четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 46
home Вести

Штипскиот суд ги одложи рочиштата поради коронавирусот

Штипскиот суд ги одложи рочиштата поради коронавирусот

Основниот суд во Штип ги одложува закажаните рочишта поради новонастанатата ситуација со коронавирус.

Во петокот, судиите едногласно донеле заклучил дека се одложуваат закажаните рочишта од 16 до 24 март, освен неколку судења по итни предмети.

-Присутните судии едногласно донесоа заклучок за одложување на закажаните рочишта во периодот од 16.03.2020 година заклучно со 24.03.2020 година, со исклучок на рочишта по предмети кои во смисла на чл.72 од Законот за судовите се сметаат за итни, како и за оние за кои постои опасност од скоро застарување на постапката, информираат од Судот во Штип.

Слични мерки поради коронавирусот веќе донесоа некои земји од регионот. Намален капацитет на работа на судовите, освен за итни случаи, е одлука донесена во Србија. Претходно вакви мерки се донесени во Грција, Албанија, Бугарија.

Локални избори 2021