четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 162
home Вести

Штип е во првите топ 5 града во државата по број на заразени, а Заев и Филипче убедуваат дека изборите ќе бидат безбедни по здравје

Штип е во првите топ 5 града во државата по број на заразени, а Заев и Филипче убедуваат дека  изборите ќе бидат безбедни по здравје

Секојдевно се повеќе од јасно е дека ситуацијата ос Ковид-19 во државата е се позагрижувачка. Тоа го потврдуваат и бројки на новозаразени и починати во земјата. Од почетокот до сега во Македонија има околу 70.000 граѓани кои биле заразени од вирусот и околу 2.000 лица ја изгубиле битка со овој вирус. Но, овие високи бројки ни најмалку не ги загрижува властите.

СДСМ се одлучи по секоја цена дека треба да се одржат локалните избори во Штип на 13 декември. Од мапата за слење на ситуацијата со КОВИД-19 може да се забележи дека Штип е во првите топ 5 градови во државата со висока бројка на заразени одосно приближно 3.000 лица се заразиле од вирусот. Според Институтот за јавно здравје само во месец ноември околу 600 лица се заразиле со вирусот.

Наспроти овие навистина загрижуачки бројки премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче викендот беа во посета на Штип каде што им посочија на граѓаните дека се е под конторила и дека изборите ќе се одржат согласно протоколите.

Изборите на 13 декември ќе бидат фер, слободни, демократски и најважно од се, целосно безбедни за здравјето на граѓаните, за здравјето на сите учесници во изборниот процес, рече Заев.

По изјавите на Заев и Филипче дека ситуација е под контрола и дека изборите ќе бидат целосно безбедни за здравјето на граѓаните уште една се покажа дека нив им е поважно фотелјата одосно загрижувачките бројки на позитивни лица на КОВИД-19.

Коронавирус