петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Штип е најпогоден, а ние пратениците мора да работиме во интерес на граѓаните

Штип е најпогоден, а ние пратениците мора да работиме во интерес на граѓаните

Пратеникот Јорданов денес го поддржа протестот на Конфедерацијата на Слободни Синдикати и со неговото присуство ја покажа својата загриженост за состојбата на работниците во државата. Со оглед на тоа дека потекнува од град во кој најзастапени и најмногубројни се работниците во текстилната и кожарската индустрија, експресно одговори и на барањата на Гласен Текстилец, упатени до сите пратеници во Собранието на РМ.

Денешното појавување на протестот е само почеток во понатамошните активности за донесувања и измени на закони преку кои ќе се гарантира редовна исплата на плата, следење на злоупотребите кои некои работодавачи ги вршат со мерките за помош на приватниот сектор, помош за работниците кои останале без работа како резултат на пандемијата, платено боледување поради Ковид-19 во износ од 100 проценти од платата на работникот, право на здравствено осигурување на секој еден граѓанин и други мерки со кои ќе го подобриме животот на секој граѓанин и други права на работниците.

Во контекст на денешниот протест, пратеникот Јорданов за ТВ Стар изјави:

Морам да истакнам дека прво како граѓанин, а потоа како пратеник од Штип, град кој е најмногу погоден и засегнат од економската криза, давам поддршка на денешниот протест на КСС. Помошта, преку петтиот пакет, која за жал морам да истакнам дека сѐ уште не стапил на сила, не ги опфаќа и не ги решава во целост проблемите на многу од работниците. Пред сѐ мислам на работниците од текстилната и кожарската индустрија, која што најмногу го засега Штип. Затоа, и барањата кои што ги имаат и Гласен Текстилец, и КСС, ја имаат целосно нашата поддршка и јас се надевам дека во наредниот период, пред сѐ како пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја разгледаме можноста за поднесување на предлог-закон за дополнителна поддршка на овие наши сограѓани, кои што се останати без работа, а пред сѐ овде мислам на вработените во текстилната и кожарската индустрија.

Коронавирус