петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ШТЕТА: 11.000 хектари борова шума нападната од Боров четник

ШТЕТА: 11.000 хектари борова шума нападната од Боров четник

Над 11.000 хектари борова шума во земјата е нападната од гасениците на боровиот четник. Оваа штетна појава е со најголем интензитет во виничко, каде се зафатиени борови насади на површина од 220 хектари. Гасениците се уништуваат по природен пат од екстремно ниски температури, но такви остри зими немаше.

-Последните години, како резултат на благите зими, боровиот четник се намножува на територијата на општина Виница, изјави Бојан Петров, директор, директор на „Плачковица“ Виница.

Боровиот четник е карактеристичен за пределите каде владее медитеранска и изменето средоземноморска клима. Стеблата кои се во континуитет под негово влијание, на крајот целосно ќе се исушат.

Извештајот на загрозеноста на шумите од штетни инсекти и растителни болести се доставува до Министерствто за земјоделие на крајот од секоја година, а за годинава биле препорачани мерки за третман на 11 000 ха.

-Министерството не одвои средства за оваа година, меѓутоа со овие последни истражувања треба сериозно да се размислува, бидејќи стеблата на боровите култури се крајно загрозени, изјави проф. д-р Стерио Начевски, ентомолог.

Единствен начин за сузбивање на боровиот четник е авионско прскање со соодветен препарат, но тоа најрано може да се направи на есен, кога ларвите и гасениците се во зимските гасенични гнезда на дрвјата.

Прилогот на Сител погледнете го во продолжение

Коронавирус