петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 61
home Вести

„Шпигел“: Кога Уранија Пировска излезе од избирачкото место, солзи течea низ нејзиниот образ

„Шпигел“: Кога Уранија Пировска излезе од избирачкото место, солзи течea низ нејзиниот образ

Германскиот највлијателен неделник објави сторија за референдумот во кој зборува и за личните емоции на дел од заговарачите ЗА на изјаснувањето, пишува порталот Expres.mk.

“Референдумот за ново име за Македонија не успеа. Владата го опишува резултатот како успех. Но, многу граѓани се разочарани и затоа не гласаа. Уранија Пировска едвај спиеше ноќе со возбуда. Таа со возбуда влегува на избирачкото место во главниот град на Македонија, Скопје. Кога повторно ќе излезе, солзи течат низ нејзиниот образ”, пишува Шпигел во анализата на состојбата по референдумот.

“Предците на Уранија Пировска доаѓаат од областа Касторија во северна Грција. Нејзината баба, по која го добила своето име, беше комунистички активист во Грчката граѓанска војна, а подоцна помина како години како “дисидент” во советските логори. Таткото на Пировска помина како дете испратено од партизаните дванаесет години во домот во јужна Романија, пред семејството повторно да се обедини во доцните 50-ти години во Република Македонија. Тие никогаш не можеле да се вратат во својата татковина”, раскажува Весникот според кој и покрај сите напори на владата референдумот не успеал..

Повеќе прочитајте на expres.mk

Коронавирус