сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 31
home Вести

Шотаровска: Барања за дискриминација!

Шотаровска: Барања за дискриминација!

Во училиштата секојдневно се доставуваат дописи од МОН со конкретен временски рок од денес за утре, кои никој не знае зошто служат кога нема никакви решенија. Токму во еден од дописите се бараат одговори на следните прашања:

  1. Колку семејства се со самохран родител?
  2. Колку семејства се со еден вработен родител?
  3. Колку семејства се со двајца вработени родители?
  4. Колку деца се со двајца невработени родители?
  5. Број на ученици во одделението/класот што поседуваат функционална опрема за учење од далечина-настава од дома?
  6. Колку од учениците немаат пристап до интернет во домот?

Ако се погледнат податоците кои треба да се испратат до МОН, сите се доверливи и засегаат една многу чувствителна сфера на приватноста. Со самото анкетирање на родителите, за што се задолжени класните раководители на учениците, се кршат некои основни права и слободи на родителите и децата.

Се ставаат во нерамноправна положба родителите, да се изјаснуваат за своите семејни околности, а при тоа не се наведува кој и зошто ќе ги користи овие податоци.

Претпоставката е дека ќе се искористат за наставата на далечина.

Самите прашања се неадекватно поставени и суштински ништо не кажуваат за можностите за следење на онлајн наставата, туку за состојбата на семејствата, којашто не би требало да го интересира МОН. Дали се еднодродителски или двородителски семејства или кој го има старателството или дали едниот или двајцата родители работат немаат допирна точка со квалитетот на наставата која треба да ја овозможи МОН. Детето може да има еден родител кој е вработен и има приходи далеку поголеми од семејствата со двајца вработени. Може да се случи да се водат како невработени, а имаат приходи од издавање или на друг начин семејството добива средства од вработен во странство и сл. Родителите не треба да приложат никакви докази за својата финансиска состојба, но најважно е што училиштата немаат право да бараат такви податоци од нив, ниту МОН, ниту било која инстититција освен УЈП. Така што на овие прашања може кој како сака родител да одговори. Тие податоци може и не мора да одговараат на вистинската состојба.

Од тој аспект не само што доцни, туку и нема капацитет одговорното Министерство да организира настава на далечина. МОН импровизира сокривајќи ја неспособноста, ги става наставниците на столб на срам пред родителите. Дава насоки кои се хаотични и прави салата од барања, при тоа не знаејќи ниту дали ќе почне на први или петти октомври, ниту како точно ќе се почне, ниту колку се обучени наставниците, ниту дали воопшто се обучени со оглед на тоа што наставниците доброволно се вклучуваат, за да совладаат некоја платформа. Досега требаше да имаме целосна слика за наставата до крајот на учебната 2020/21, а не да не се знае ништо. Родителите кога ги прашуваат наставниците овие креваат рамења, бидејќи навистина не знаат како ќе одат по скратената програма затоа што не ја добиле, дали со фиизчка, онлајн или комбинирана настава и каде точно тоа е предвидено, дали ќе има онлајн учебници или ќе биде целосно реализирана онлајн наставата.

Зошто не е предвидено да има таблет за секое дете и компјутер за секој наставник, туку децата ги делиме на слоеви во општеството на кои припаѓаат уште од малечки?

Тие чии родители имаат пари за интернет и комјутер и оние чии родители или родител  немаат пари за функционално следење на наставата.

Засрамете се!

Дури и гуските успеале да го спасат Рим од немилоста на варварите, вие не успеавте да ја спасите државата и образованието од тонење!

 

Билјана Шотаровска, дипломиран професор по филозофија

Коронавирус