среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

Шокантна статистика: 675 македонски граѓани починаа од коронавирус, се заразиле вкупно 16.274 лица

Шокантна статистика: 675 македонски граѓани починаа од коронавирус, се заразиле вкупно 16.274 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1674 тестирања, а регистрирани се 186 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-56, Куманово-16, Штип-8, Прилеп-7, Тетово-10, Струга-6, Велес-1, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-4, Гостивар-18, Гевгелија-5, Струмица-12, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-17, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Валандово-1, Делчево-4, Свети Николе-2, Кичево-3, Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 85 оздравени пациенти од: Скопје-19, Дебар-2, Штип-4, Прилеп-13, Тетово-2, Струга-4, Охрид-9, Гостивар-9, Гевгелија-5, Струмица-1, Крива Паланка-1, Радовиш-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-3, Берово-4, Делчево-1, Свети Николе-2, Кичево-1.

Починати се 7 лица, еден пациент од Куманово (53г), двајца пациенти од Струга (68 и 70г), еден од Гостивар (61г) и тројца пациенти од Делчево (43,60 и 78г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16274, бројката на оздравени пациенти е 13635, на починати е 675, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1964.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 6463, активни 564

• Куманово 1644, активни 215

• Дебар 272, активни 37

• Штип 1222, активни 72

• Прилеп 581, активни 119

• Тетово 1335, активни 134

• Струга 639, активни 65

• Велес 296, активни 23

• Битола 259, активни 57

• Охрид 399, активни 46

• Кавадарци 211, активни 35

• Гостивар 882, активни 94

• Гевгелија 97, активни 56 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 142, активни 77

• Крива Паланка 89, активни 38

• Радовиш 56, активни 11

• Крушево 18, активни 2

• Кочани 220, активни 76

• Пробиштип 99, активни 19

• Демир Хисар 61, активни 2

• Македонски Брод 87, активни 9

• Пехчево 42, активни 21

• Берово 74, активни 20

• Валандово 14, активни 5

• Виница 96, активни 28

• Делчево 138, активни 75 (29 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 24, активни 4

• Свети Николе 312, активни 19

• Кичево 297, активни 30

• Ресен 156, активни 9

• Неготино 49, активни 2 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија).

Коронавирус