понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 281
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

ШОК!!! Позитивни на коронавирус во Шкендија и во Ренова!!!

ШОК!!! Позитивни на коронавирус во Шкендија и во Ренова!!!

Спортскиот портал „Спортмедиа“ од информации блиски од Тетово дознава дека во Шкендија и во Ренова има позитивни на коронавирус. Двата тетовски тимови направија тестирања донирани од синдикатот за фудбалери, и тие покажуваат дека има шест случаи на Ковид-19. Според сознанијата, две лица се од таборот на Шкендија, и четворица од тимот на Ренова.

Засега не се објавуваат имиња, но многу детали ќе бидат познати во текот на денот. Секако дека тимовите ќе бидат подложни и на втори тестирања на коронавирусот.

Спортмедиа пишува дека се свикани итни состаноци во двата клуба за попладнево.

Панче Ќумбев, претседателот на синдикатот на фудбалери во Македонија за Спортмедиа потврдил дека има позитивни случаи во двата клуба.

ИЗВОР: СПОРТМЕДИА

Парламентарни избори 2020