вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 87
home Вести

Шилегов за влез во Скопје ја понуди обиколницата, граѓаните му одржаа лекција: „Од Маџари до Автокоманда ќе одиме преку Визбегово“ (ФОТО)

Шилегов за влез во Скопје ја понуди обиколницата, граѓаните му одржаа лекција: „Од Маџари до Автокоманда ќе одиме преку Визбегово“ (ФОТО)

Хаосот на влезот во Скопје никако да се регулира.

Жителите на околните места кои го користат булеварот Александар Македонски за да стигнат на работа или да завршат некоја обврска овие денови буквално маки мачат со градежните работи кои се одвиваат таму.

И додека градоначалникот на Скопје Петре Шилегов преку соопштение апелира да се користат алтернативните рути за влез во Скопје додека се реконструира булеварот Александар Македонски, граѓаните му одржаа лекција преку коментари на социјалните мрежи.

„Градот Скопје апелира граѓаните да ги користат алтернативните приоди и сообраќајници за влез во градот, пред се поради големата реконструкција на булеварот Александар Македонски во општината Гази Баба, што е во тек.

Граѓаните можат во Скопје да пристапат преку скопската обиколница, на исклучувањето кај населбата Радишани, преку новиот булевар Христијан Тодоровски Карпош кон општина Чаир, како и на исклучувањата кај населбата Визбегово кон Момин Поток и населбата Волково кон општина Ѓорче Петров“, стои во нивното соопштение до јавноста.

По дадената  „алтернатива“ граѓаните му одржаа лекција на Шилегов, коментарите од револтираните граѓани се во продолжение.

 

Коронавирус