сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 131
home Вести

Шилегов за градоначалникот на Куманово Димитриевски: Неспособен и популист

Шилегов за градоначалникот на Куманово Димитриевски: Неспособен и популист

Вечерва на Сител телевизија во Дневникот градоначалникот на Скопје Петре Шилегов директно го навреди градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и го нарече неспособен и популист иако двајцата доаѓаат од Социјалдемократскиот сојуз.

Во контекст на пренаменувањето на средствата од страна на општина Куманово и тамошниот градоначалник Шилегов рече дека не сакал да звучи грубо, но никаде во светот она што главниот град во однос на новогодишно осветлување го прави не било тема.

-Тоа што некои градоначалници беа неспособни да тоа го ообезбедат во текот на септември и сега се кријат во популизмот па макар биле и мои сопарртијци и сега глумат лудило пред сопствената јавност дека обезбедувале комјутери и за тоа не кителе, истакна Шилегов.

Тоа е неспособност на дотичниот градоначалник да ги обезбеди комјутерите на време – дополни Шилегов.

Најнови вести

Локални избори 2021