петок, 23. август 2019. Вести денес: 7
home Вести

Шилегов „видно расположен“ дојде на Антички (ВИДЕО)

Шилегов „видно расположен“ дојде на Антички (ВИДЕО)

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов за првпат дојде на отварањето на „Охридско Лето“, пренесува порталот Скопје1.

Протоколот го пречека Шилегов и го смести во ложата до претседателот и премиерот.

Ова е првпат Шилегов да дојде на „Охридско Лето“ па видливо беше дека малку е „дезориентиран“ и „видно расположен“ но и „чудно возбуден“, пишува порталот.

Присутните гласно прашуваа „Дали е стабилен? Што му се случува”?

Најверојатно исполнет од сите овие „состојби“, тој во еден момент почна дури и да прави чудни шеговити гестикулации кога се поздравуваше со премиерот и неговата сопруга, заборави да се поздрави со директорката и нејзиниот сопруг (застанувајќи и потпирајќи се со телото целосно над него), а кога се поздравуваше со претседателот Пендароски, Петре се свитка, искриви и како да легна на Антички позади Заев.