вторник, 3. август 2021. Вести денес: 7
Вонредна вест

Стивнува пожарот во Кочани: Човечки жртви нема, пет лица се во болница- огнот сè уште не е целосно изгаснат

home Вести

„ Шилегов троши 500 евра за клупи од тропско дрво, додека во продавница или на интернет сајтовите клупи се продаваат за 150 евра “

„ Шилегов троши 500 евра за клупи од тропско дрво, додека во продавница или на интернет сајтовите клупи се продаваат за 150 евра  “

Петре Шилегов троши 500 евра за клупи од тропско дрво со седум даски, додека во продавница или на интернет сајтови клупи се продаваат за 150 евра, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-За Шилегов се е решено и Скопје нема никаков друг приоритет, па реши дека и 500 евра за клупа, односно 350 евра повеќе од вообичаеното не е многу. Шилегов една клупа ја плаќа трипати поскапо. Секаде понудите се плаќаш едно, а добиваш две или три, само кај Шилегов плаќаш три, а добиваш едно. Така е кога Шилегов располага со парите на скопјани, тие за него немаат тежина и обврска па се расфрла. Скопје 4 години стагнира, нема капитални инвестиции, нема нови зелени површини, нема проекти кои ќе го подобрат животот на луѓето, но затоа има клупи од 500 евра, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Шилегов е најлошиот градоначалник, тој е пример како расипнички да се потроши буџетот, а да не се направи ништо. 4 години со Шилегов и Заев, 4 години украден живот. Доста е!

Коронавирус