вторник, 21. септември 2021. Вести денес: 159
home Вести

Шилегов се обиде да му се потсмева на Горан Весиќ: „За 3 месеци реконструирав улица а тој не може цела година“ – Вучиќ му возврати: „Ние за 4 години град изградивме“

Шилегов се обиде да му се потсмева на Горан Весиќ: „За 3 месеци реконструирав улица а тој не може цела година“ – Вучиќ му возврати: „Ние за 4 години град изградивме“

Во текот на вчерашниот ден, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Република Албанија, Еди Рама беа пречекани и прошетани од страна на премиерот Зоран Заев и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Во текот на нивната прошетка, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов гордо го покажуваше проектот „Скопје 2014“. Притоа, сакајќи како и секогаш да ја покаже неговата ароганција, му се обрати на Вучиќ и со потсмев изјави дека тој една улица реконструирал за 3 месеци, додека земеник-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ не можел да го направи тоа за една година.

Претседателот на Србија, веднаш кратко и јасно му возврати на оваа изјава: „Ние за 4 години во Белград изградивме цел еден град.“

Коронавирус