сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 24
home Вести

Шилегов пред 11 дена беше во Мадрид- Учесниците на конгресот потпишале дека изминатите 15 дена не патувале во загрозените подрачја со коронавирус

Шилегов пред 11 дена беше во Мадрид- Учесниците на конгресот потпишале дека изминатите 15 дена не патувале во загрозените подрачја со коронавирус

Учесниците на конгресот на СДСМ во скопскиот хотел „Александар Палас“ потпишале изјави дека во изминатите 15 дена не патувале во загрозените и кризни подрачја каде се шири смртоносниот коронавирус.

„Ги почитуваме владините препораки. Сите делегати пред да ги добијат материјалите за конгресот потпишаа изјава дека не патувале во подрачја загрозени од коронавирусот. Годинава, исто така, немаме гости од странство, како што беше пракса досега“, одговори Љупчо Николовски на поставено новинарско прашање зошто не се почитуваат препораките да не се одржуваат јавни собири.

Останува енигма дали и каква изјава потпишал градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов кој на 27-ми фебруари, односно пред 11 дена присуствуваше на шпанското фудбалско дерби Реал Мадрид – Барселона, а кое се одигра пред 11 дена.

 

Коронавирус