сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 63
home Вести

Шилегов оживува мртви луѓе

Шилегов оживува мртви луѓе

Скопјанката Марица Стефанова родена 1912 година, почината пред 30 години според службите на градот Скопје треба да плати годишен данок на имот.

Роднините кои се со целосно регулирано наследно право за владеење на имотот останале вчудоневидени кога им дошло ваквото решение од градот Скопје. За да приказната продолжи стигнало и опомена за неплатениот долг од 870 денари, и можност за присилна наплата преку извршители.

Дознаваме дека само во општина Кисела Вода се поделени некаде околу стотина решенија за наплата на данок на имот, потпишани од градоначалникот Шилегов а се однесуваат на лица кои се починати. Истиот проблем се јавува и во другите скопски општини.

Ваквото „оживување“ на веќе починати лица им создава нелагодност на роднините кои го регулирале наследениот имот. Од градот Скопје се правдаат поради застарениот начин на водење на евиденција, и дека самите граѓани кои забележуваат пропусти треба да реагираат по што ќе бидат направени корекции од службите.

Коронавирус