среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 115
home Вести

Шилегов: Никогаш повеќе да не ме гласате

Шилегов: Никогаш повеќе да не ме гласате

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов денес се појави на многу “свечен настан“. Верувале или не, тој ги покани соработниците и медиумите на настан за засадување на 7 (седум) дрвца.

Но, настанот не помина толку свечено како што очекуваа. И тука се соочија со незадоволството на македонските граѓани, револтирани од неработата на централните и локалните власти.

Кога еден граѓанин сакаше да му ги посочи проблемите на Шилегов, тој во негов стил, почна да го етикетира човекот, да се обраќа дрско и потценувачки кон него.

Господинот имаше добра намера и културно се обрати кон Шилегов дека ги посетуваат само околу избори и дека ништо значајно не е направено.

Телевизија Алсат го пренесе овој момент со своја анализа на случувањето на терен:

Во дворот на Архитектонскиот факултет беа засадени 7 садници. Иако две од садници не беа покриени со цел со земја да ги покрие првиот човек на градот, Петре Шилегов, тој рече дека не бил калибриран за такво нешто.

-Јас не сум градоначалникот кој што ќе фаќа лопати, кој што ќе сече ленти и кој што ќе облака жолти чизми затоа што се случуваат определени настани на територија на градот. Моја работа е овој град да го организирам да биде функционален и да биде риспонсибилен, односно да имаме брзи реакции, тоа е нешто што случува, рече Шилегов, градоначалник на Град Скопје.

Но, кога заврши оваа активност, еден граѓанин застана да го праша нешто градоначалникот Шилегов, на што тој почна да се однесува дрско и цинично, потценувајќи го овој граѓанин.

“Имај си убав ден, благодарам многу. Никад да не не гласаш више, немаш проблем, живеј си“-одговори Шилегов.

Оваа сторија ја пренесе телевизија Алсат и нивното видео на кое се гледа разговорот меѓу Шилегов и граѓаните, можете да го погледнете во продолжение.

Човекот кој вербално беше нападнат од страна на Шилегов, не успеа да постави прашање, ниту да даде изјава за медиумите. Тој побарал објаснување зошто на настан за 7 дрвца се појавиле толку луѓе, а важни работи воопшто не се завршени.

-За 7 садници толку многу камери? Си прават филмови, од кај да знам што си прават. Мислат дека народот им верува во тоа, со 7 дрвца ништо не се прави. Каде се автобусите? Каде е гасификацијата што ја вети? Мостовите? 300 работи ветија дека ништо не е направено, рече револтираниот граѓанин.

Шилегов уште еднаш се однесуваше дрско со овој скопјанец, па му се доближи, го прекина во изјавата и рече:

“Клиентизмот и луѓето кои мислат дека поддржале определена политичка структура само за да добијат вработување а имаат по 50 и кусур години“…

Човекот врати: „Не барам вработување, јас имам пензија!“

Вакво однесување за еден градоначалник е недопустливо. Но, ова не е прв пат претставници на власта да се соочат на терен со револтот и незадоволството на граѓани.

Најнов во низата случаи е оној од вчера кога една баба на премиерот Заев и на градоначалникот на Ѓорче Петров им ја кажа вистината во очи, недозволувајќи да ја замајуваат јавноста дека нешто работат.