четврток, 22. април 2021. Вести денес: 122
home Вести

Шилегов нема со што да фали дека е „успешен“ градоначалник, па се фали со менува имињата на улиците во Скопје

Шилегов нема со што да фали дека е „успешен“ градоначалник, па се фали со менува имињата на улиците во Скопје

Деновиве е многу актуелна темата за промена на имињата на улиците во град Скопје. Пред само неколку дена градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов објави дека на седница на Советот на Град Скопје е усвоена листата на регистарот на улиците в Скопје.

Но оваа одлука од страна на голем број граѓани не е прифатена и сметаат дека има многу поважни работи кои ќе влијааат за подобар изглед на Скопје и подобра живот на скопјани.

-Последните неколку години во Скопје чистота е на многу ниско ниво. Не само што не е чисто, не се одржуваат ниту паркови, нема никакво зеленило. Нема изградено еден нов булевар, а и тие кои ги имаме не се одржуваат. Многу важно е да се реши оваа проблематика отколку промена на имињата на улиците, ни раскажаа неколку граѓани на Скопје.

За неработењето на Шилегов и за промената на имињата на улиците обвинија и од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје ВМРО-ДПМНЕ каде посочуваат дека Шилегов нема со што да се фали па сега се фали со промена на имињата на улицата.

Имено во соопштенито на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје потенцираа дека сето ова се прави на насилен пат без квалитетна јавна расправа.

-Шилегов кога веќе не може да се фали со изградени булевари и паркови ќе се фали со талибанско менување на имиња на улици.Менувањето на имињата на улици се прави на насилен пат, без квалитетна јавна дебата и со многу политика. Од ветениот зиплајн, луна парк, нови булевари, подземни сообраќајници, тунел под кале, Шилегов спадна да главен проект му е имиња на улици како Социјалистичка зора наместо Христо Батанџиев, 4 јули наместо Борис Сарафов, Бихакќа наместо Павел Шатев, Иво Лола Рибар наместо Теодосиј Гологанов, се вели во соопштението.

Исто така од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ порачааа дека побарале да се повлечат предлозите за имињата на улиците.

ВМРО-ДПМНЕ бараше повлекување на предлозите за имиња на улици и нивна разработка со сите надлежни фактори и вклучување на општествени авторитети, градски јавни личности, и институтот за историја при универзитетот Св. Кирил и Методиј. Шилегов овој предлог го одби. Предлозите за менување на имињата на улици сега чекаат одобрение од владата чиј идеен творец е. Апелираме истите да не се прифатат и да се прифати општествена јавна расправа, додава Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во град Скопје.

По сето ова може да се заклучи дека доаѓаат ново локални избори па, актуелниот градоначалник Шилегов нема со што да се пофали, па својата неработа сака да ја прикрие со менувањето на имињата на улиците во Скопје.

Коронавирус