сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 60
home Вести

Шилегов не се откажува, паркингот за мотори ќе се наплаќа, моторџиите незадоволни

Шилегов не се откажува, паркингот за мотори ќе се наплаќа, моторџиите незадоволни

Точно во 10 часот пред просториите на Град Скопје стотици моторџии дојдоа да му кажат „НЕ“ на градоначалникот Шилегов за воведување паркинг кој ќе се плаќа. Моторџиите оваа одлука на Град Скопје ја дочекаа со револт а 11 мото клубови од Скопје, поддржани и од мото клубови од другите градови во Република Македонија, донесоа одлука да повикаат на предупредувачки протест кој се одржa пред просториите на Град Скопје во Градскиот парк со почеток во 10 часот.

По протестот, Шилегов ги прими моторџиите и им порача дека идејата на Градот е во првата година паркирањето на специјализираните паркиралиште да биде бесплатно, а по првата година да се наплаќа од 5 до 7 денари за саат.

Ваквиот предлог на скопскиот градоначалник предизвика незадоволство кај присутните моторџии, кои рекоа дека никаде во светот не се наплаќа ова. Тие го прашаа Шилегов дали размислил низ какви улици возат моторџиите и го обвинија дека не води грижа за нив. Го повикаа да покаже прво чувство за нивна безбедност, па после да дебатираат.

-Пред да донесете ваква одлука не сум слушнал да поканите било кој од било кој мото клуб на разговор. Размислите пред да донесете одлука, ние ова го сфаќаме само како начин градот да добие финансиски средства, ништо повеќе рече еден од моторџиите. Не ни треба паркинг места и така плаќаме поголеми давачки за регистрација. Ќе паркирам јас како сакам, а не вие да ми кажете како да паркирам, се фаќате за најбенигниот проблем, порачаа моторџиите.

Според нив, со минорни исклучоци, меѓу кои е и градот Дубаи од 2017 година, никаде во Европа и во светот не се наплаќа паркирањето на мотоцикли и на мопеди. Согласно тоа, нема позитивна пракса врз која Град Скопје би ја темелел својата одлука.

Коронавирус