Ако еден градски татко треба да работи во корист на граѓаните, тоа не може да се каже за градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов. Тој одлучи да не ги послуша барањата на сопствените граѓани за поголем број на автобуси и го остави саботниот редуциран возен ред.
Додека граѓаните се жалат на ретките и преполни автобуси за време на пандемијата, за Шилегов немало гужви. Скопјани реагираат дека не само што се седи на местата каде што е обележано дека не треба, туку се преполнува и просторот за стоење, што не смее да се случува за време на смртоносна пандемија. Тие во немоќ кога не се слуша нивниот глас, револтот го искажуваат на социјалните мрежи споделувајќи фотографии од преполните автобуси.
Сепак, гужвите постојат за сите освен за Шилегов. За него немало доволно патници во автобусите, а покрај тоа требало и да се штеди. Шилегов контра граѓаните вели дека неговите анализите покажувале дека се превезувале 0,6 патници на изминат километар што било под границата од 2,5 патници според која би требало да се укине линија.
– Автобуска линија согласно договорите се укинува ако има помалку од 2,5 превезени патници по еден километар. значи ние свесно со четири пати помалку превезени патници ги одржуваме линиите, затоа што нам здравјето на граѓаните ни е пред се, рече Шилегов, на 17 септември, одговарајќи на новинарско прашање на заедничка прес-конференцијата со градоначалникот на Aеродром, Златко Марин.
Неверојатно е како тоа вели дека здравјето на граѓаните е пред се, а не го вклучува „алармот“ ниту кога само последните 5 дена во државава има 628 заразени и 35 починати. Да биде ситуацијата полоша да се пушти поголем број на автобуси со цел заштита на здравјето на граѓаните не е доволно ниту тоа што почнаа да важат ученичките билети, лицата со хронични болести се приморани да се вратат на работа, почна да функционира и „Мој термин“, а и временските услови се повеќе ќе налагаат користење на јавен превоз.
Во ваква ситуација кога Шилегов нема слух и штеди по цена на здравјето на граѓаните, тие се оставени сами на себе во преполни автобуси, ризикувајќи ги сопствените животи, но и на животите на своите најблиски.