среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 105
home Вести

Шилегов наместо да изнајде решение за пожарникарите- тој го политизира нивниот протест (ВИДЕО)

Шилегов наместо да изнајде решение за пожарникарите- тој го политизира нивниот протест (ВИДЕО)

Додека цел свет ги величи и ги нарекува херои во Македонија пожарникарите се понижувани не им се исплаќа ниту надоместот за ризик при работа кој им следува по закон.

Поради оваа пожарникарите му дадоа рок од пет дена на Град Скопје за да ги разгледа нивните барања, а доколку не се изнајде решение тие рекоа дека нема да престанат со протестите.

Во меѓувреме јавноста се уште е гневна од арогантниот однос на градоначалникот на Скопје кон пожарникарите на вчерашната заедничка средба, како и неговото политизирање на ситуацијата.

Имено Шилегов на видеото се гледа како додека му се обраќа на еден од пожарникарите го прашува дали бил советник од ВМРО-ДПМНЕ во општина Сопиште, наместо да изнајде конкретно решение за нив.

Инаку пожарникарите и денеска протестираа пред зградата на градот Скопје.

Коронавирус