среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 20
home Вести

Шилегов на иста линија со Заев- ќе ги фрлал Ченто, Карев и спомениците на бранителите во депонија

Шилегов на иста линија со Заев- ќе ги фрлал Ченто, Карев и спомениците на бранителите во депонија

По вчерашната изјава на скопскиот градоначалник Петре Шилегов, дека спомениците на македонските херои кои се на плоштадот во Скопје ќе ги отстрани, несомнено власта продолжува со негираторската политика кон македонската историја, па сега спомениците на Никола Карев, Гоце Делчев, Ченто и останатите како споменикот на бранителите ќе завршат на буниште.

„Зошто да не ги однесеме сите споменици на едно место? – На пример тоа би можело да биде во расчистената депонија во Ѓорче. Ќе изгледа како мементо парк, што ќе можат да го посетуваат сите кои сакаат да се сеќаваат на малото диктаторче. Таков пример имаме од Унгарија, која сите споменици од комунизмот ги однесе во т.н. мементо парк – вчера ијави Шилегов.

Шилегов никаде го немаше со реакција за ставовите на македонскиот премиер и неговото скандалозно интервју за бугарскиот медиум, но ваквата негова изјава несомнено покажува дека неговиот став е ист како на партискиот лидер Зоран Заев, кој продолжува со негирањето на историските личности и навредите кон македонскиот народ.

Првиот обид на Шилегов да се реши од дел од македонската историја, беше отстранувањето на споменикот на Ќосето пред Врховниот суд, кој преку ноќ во раните утрински часови го фрли на буниште. Иако споменикот беше донација од здружение на граѓани, Шилегов го процени како дивоградба очигледно затоа што историскиот „ликвидатор’, им бодеше очи на власта.

Ќосето беше фрлен, но од другата страна на Вардар сеуште стојат спомениците дивоградби остана на Адем Јашари, Џемо Хаса, Хасан Приштина, како и двоглавиот орел на клучката во Скопје Север останаа, веројатно затоа што Шилегов не смее да ги пипне истите. Граѓаните тогаш реагираа дека Шилегов срамно додека цел град спие, скришум крена рака на македонскиот идентитет. До денеска не се знае каде заврши споменикот на Ќосето, веројатно на буниште исто како што сега изјавува дека ќе завршат Карев, Ченто, Гоце и останатите споменици.

Ваквите идеи на Шилегов ги начна Мирослав Грчев кој како советник на премиерот и координарот на работната група за справување со последиците од проектот Скопје 2014 на Министерството за култура, кој своевремено беше искеширан 17 –тина илјади евра за својата работа, даваше изјави како „Споменикот на Мајка Тереза е фашистички од времето на нашето ропсство“, како и „Порта Македонија треба да се срамни со земја“. Тој имаше најавено неколку пати во јавноста уривање и на споменикот Воин на коњ на скопскиот плоштад, дури самиот рече дека ќе плател за дислокација на Александар Македонски од плоштадот.

Дали ставот на Шилегов е ист како во прашањата за уривање и фрлање на спомениците на историските личности, како и во небулозните изјави дека „Македонската држава, нација и култура се измислени во Југославија“, како на Грчев е прашање за кое треба да ја просветли јавноста и граѓаните.

Сегашните изјави пак на Шилегов кој во својот мандат не може да се пофали дека сработил нешто за скопјани, истите предизборни ветувања останаа да висат во загадениот воздух кој е многу повеќе опасен и штетен за дишење наспроти дефокусирачките најави дека ќе ги фрла спомениците во депонијата во Ѓорче Петров.

Дали со ова Шилегов сакаше да се пофали дека расчистил една депонија, која е од десетиците депонии кои загадуваат во Скопје и зашто Шилегов не рече дека ќе ги фрли спомениците на депониите кои не се расчистени? – се исто прашања кои остануваат да висат во загадениот воздух.

Да не заборавиме дека потенцијалниот „мементо парк “ во депонија не само што е навредувачка порака кон уметниците чии дела се спомениците, туку е и навреда за граѓаните кои историските личности ги чествуваат, а и Градот Скопје чиј градоначалник е Шилегов, чија делегација скоро секоја година остава свежо цвеќе на споменикот на Ченто, АСНОМ и Никола Карев.

ДЕЛЕГАЦИЈА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОЛОЖИ ЦВЕЌЕ ПО ПОВОД ИЛИНДЕН

По повод големиот македонски државен празник 2 Август на кој…

Posted by Град Скопје on Петок, 02 август 2019

Ова говори за лицемерието на градоначалникот Петре Шилегов, впрочем каде ќе остава цвеќиња делегацијата на Град Скопје во паркот депонија?

Вредно е и да се спомене дека спомениците не само што се туристичка атракција за посетителите на градот, туку можат да се најдат на стотици инфлуенсери на социјалните мрежи кои многу често се фотографираат пред нив. На Инстаграм нема посетител или турист кој поминал покрај градскиот плоштад, а не објавил фотографија од било кој од тие сега потенцијални споменици за во депонија. Па уште едно прашање до Шилегов се наметнува, дали туристите сега ќе ги пренасочува да се фотографираат во неговиот мементо парк во депонијата во Ѓорче?

Во целата ова ситуација во која се наоѓа Македонија, а во врска со прашањето со Бугарија каде Владата упорно и покрај реакциите на јавноста продолжува со негирање на македонската историја, очигледно е дека Шилегов со своето дејствување и изјави за предизвикување внимание е дел негаторската политика на власта.

Коронавирус